Градоначалничката на Грац: СФРЈ го имаше најиздржливиот модел на социјалистичка држава

Со убедливата победа на изборите во октомври 2021 година, Елке Кар стана градоначалник на Грац, вториот по големина град во Австрија. Победата ја извојува на чело на Комунистичката партија, поради што локалните медиуми се заинтересираа и опширно пишуваа за неа.

Фото: ЕПА

Кар во интервју за Нова откри што мисли за Југославија, дали навистина ѝ била пример и што планира да промени во градот што го води.

На прашањето зошто ја избрала Комунистичката партија, таа рече дека почнала да работи на 17 години и дека тогаш сфатила што доживуваат луѓето во средината во која пораснала.

„Имаше многу неправди кога сакав да помогнам да се надминат заедно со други луѓе што ги споделуваа моите ставови и мислења. Луѓето понекогаш коментираа дека зборувам како комунист, па стапив во контакт со локалниот разгранок на таа партија. Се запознав со Ернест Калтенегер, со кого тесно соработував во годините што следуваа“, вели таа.

Објаснува дека смета дека СФРЈ го имала најиздржливиот модел од сите социјалистички земји.

„Тито, меѓу другото, се залагаше за Движењето на неврзаните - повеќе од сто земји од светот што работеа во корист на разоружувањето и помогнаа да не ескалира Студената војна. Тито исто така ја претставува идејата за држава во која нациите живеат заедно во мир. Се разбира, постојат низа недостатоци што не би требало да ги занемариме ако сакаме продуктивно истражување на тој историски период“, рече таа.

Елке Кар вели дека летото го поминувала со родителите во поранешна Југославија, како и дека подоцна патувала со пријателите и била во сите републики на СФРЈ, каде што секогаш била срдечно пречекувана.

Победата на комунистите во Грац не е поради идеологијата, туку поради кредибилитетот и понизноста

По повод победата на нејзината партија на локалните избори во тој град, градоначалничката на Грац рече дека граѓаните точно знаат за што се залагаат и дека може да им се верува кога се во прашање локални програми, како што се достапен стандард на живеење, урбано домување, заштита на животната средина и многу други.

„Во предизборната кампања не ставивме посебен акцент на потенцијалните грешки што другите партии можеби ги направиле или не. Многу од нашите кандидати се активни долги години, па дури и децении, па луѓето знаат за што се залагаат. Ние не го ветуваме она што не можеме да го исполниме, а од високите плати што ги имаат политичарите во Австрија, го задржуваме само она што може да се оствари преку работа на квалификувана работна сила. Тоа го ценат многу луѓе во нашиот град и остатокот од земјата“, рече Кар.

За политичката ситуација во Австрија и оставката на поранешниот канцелар Себастијан Курц, таа смета дека настаните што довеле до тоа поткопуваат многу од темелите на кои е изградена австриската демократија.

Зборувајќи за плановите на владејачката коалиција во Грац, градоначалничката вели дека главната цел е да се подобри начинот на кој луѓето живеат заедно.

„Сакаме подостапни станови, полесен и помалку бирократски пристап до важната социјална сигурност, како и нови политики во урбаниот развој и планирање, фокусирани на потребите на локалното население и нашата природна средина. Сакаме Грац да биде добар дом за сите што живеат и работат овде“, рече таа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе