Сако вчера рече дека е „задоволна“ што само 50 луѓе загинаа во земјотресот, бидејќи, како што рече, можело да биде многу потрагично.
Сако посочи на лошото градење, прекршувањето на градежните закони и корупцијата, кои се виновни за многу работи.
Нејзиниот избор на зборови предизвика бес кај јавноста, а луѓето ја обвинија дека е бесчувствителна по земјотресот во кој Драч помина најтешко.
Уште едно лице почина по нејзината изјава, така што вкупниот број на жртвите во таа катастрофа се искачи на 51.
„Многу сум вознемирена од негативните реакции предизвикани од моите последни изјави. Решив да дадам оставка и да им се заблагодарам на сите што имаа доверба во мене“, рече Сако, изразувајќи надеж дека ќе ја разберат, објави албанскиот весник на англиски Албаниан дејли њуз на својата веб-страница.
Околу 2.500 луѓе останаа без покрив над главата, некои престојуваат во хотели, стотици се во шатори, а стотици се однесени на соседно Косово, пренесува АП.