Градоначалничка од Чиле им избега на новинарите среде интервју (ВИДЕО)

Една од карактеристиките на политичарите ширум светот е што тие понекогаш избегнуваат незгодни прашања од новинарите, но може да се каже дека градоначалничката од Чиле вчера ги надмина во тоа. Имено, таа буквално побегна од новинарите за време на интервју, јави Си-ен-ен.

Евелин Матеј (65), градоначалничка на Провиденсија во Сантијаго де Чиле, избега од новинарите откако почнаа да ѝ поставуваат разни прашања.

Чиле во последните неколку недели е жариште на протести, при што Матеј ги критикуваше постапките на владата во ситуацијата, односно како се справува со кризата.

Во еден момент, облечена во жолт безбедносен елек, таа само почна да трча за да избега од новинарите.

„Побегна. Не сака веќе да разговара“, изјави дописникот на локалниот канал Мега.

„За среќа сме во добра физичка форма“, рече дописникот додека трчаше по неа.

Кога ја стаса ја праша дали чувствува дека неправедно е третирана од печатот - што доведе Матеј да забрза уште еднаш.

Надреалната сцена заврши неколку секунди подоцна, кога градоначалничката забави во од, дозволувајќи му на новинарот да постави уште едно прашање.

Матеј подоцна го објави клипот на својот официјален твитер профил, со позадина од песната од филмот „Роки“. „Малку вежба е секогаш добар начин да се започне утрото“, напиша градоначалничката.

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе