Грабеж во Париз, разбојници украле накит вреден 10 милиони евра (ВИДЕО)

Вооружени ограбувачи влегле во златарница Булгари на луксузниот плоштад Плас Вендом во Париз и грабнале накит вреден 10 милиони евра, објави полицијата.

EPA-EFE

Три вооружени и маскирани лица ја ограбиле нешто пред пладне неодамна реновираната златарница на плоштадот во центарот на Париз, во близина на хотелот Риц.

Тројцата избегале со автомобил, а четворица помагачи избегале на скутери пред да пристигне полицијата. Еден полицаец е повреден, а еден ограбувач застрелан во ногата.

Златарниците во Париз во последните месеци се мета на ограбувачи.

Во јули од златарница во близина на Шанзелизе беше украден накит вреден речиси 2 милиони евра, иако пленот подоцна беше најден, а осомничените уапсени.

Историскиот плоштад Вендом се смета за срце на францускиот луксуз.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе