Франција

Гори катедралата Нотр Дам во Париз! (ФОТО+ВИДЕО)

Се гледа чадот како се извива од покривот на катедралата Нотр Дам во францускиот главен град, Париз. Емануел Макрон го откажа планираното обраќање до нацијата поради „ужасниот пожар“ во катедралата.

Во славната катедрала Нотр Дам во францускиот главен град избувна пожар, соопшти градската пожарна служба.

На фотографиите и видеата што попладнево кружат на социјалните медиуми се гледаат пламените што се извиваат од готската катедрала, а од покривот се извива чад.

Во тек е голема операција на гасење на пожарот.

Причините за пожарот засега се непознати.

Средновековната катедрала е една од главните атракции на францускиот главен град, а ја посетуваат 12 милиони туристи годишно. Нотр Дам се истакнува со својата големина, древност и архитектонскиот интерес.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе