Горбачов им порача на Русија и ЕУ: Не се плашете од преговори

Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов изрази надеж дека ќе се подобрат односите меѓу Русија и Европската Унија, јави руската агенција Интерфакс.

EPA-EFE

Врските меѓу силите тргнаа по надолен пат по руската анексија на црноморскиот полуостров Крим во 2014, по што следеа наводни обиди за убиства во Европа, тврдења за мешање во изборите и наводното труење и затворање на опозиционерот Алексеј Навални.

Горбачов, последниот лидер на Советскиот Сојуз и добитник на Нобеловата награда за мир во 1990, кажа дека може да се најде заеднички јазик иако односите се на најниско ниво од Студената војна.

„Не треба да се плашат од преговори“, кажа Горбачов. „Само преговори, само состаноци на сите нивоа, особено на највисокото, можат да донесат позитивни резултати. Јас верувам во тоа“.

„Мораме да сфатиме дека сите сме Европејци... тоа значи дека мора да преговараме“, додаде.

Во интервјуто за Интерфакс Горбачов, кој ќе го прослави 90-от роденден во вторник, ги повика рускиот претседател Владимир Путин и американскиот колега по функција Џо Бајден, да одржат средба очи во очи и нови преговори за нуклеарното разоружување.

„Денес главното е да се спречи нуклеарна војна“, истакна Горбачов. „За да постигнеме напредок, потребно е отворено да пристапиме едни на други“.

Кажа дека неговото искуство со американскиот претседател Роналд Реган во 80-тите години покажало дека лидерите на двете главни нуклеарни сили можат многу да постигнат во прашањата на глобалната безбедност ако го сакаат тоа.

Вашингтон и Москва потпишаа неколку договори за разоружување во времето кога Горбачов беше на власт.

Русија и САД заедно поседуваат околу 90 отсто од светското нуклеарно оружје.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе