Големо невреме ја погоди Грција, незапамтени глетки на Халкидики (ВИДЕО)

Силно невреме зафати неколку региони на Грција, носејќи грмежи, молњи и обилни врнежи. Невремето однесе и најмалку еден живот.

Printscreen

Обилните врнежи, главно проследени со град и силен ветер, го погодија поголемиот дел од Грција, и според метеоролозите ќе траат до петок.

На островот Скопелос една жена настрадала од удар на гром, јавува Грик рипортер. Невремето ја погоди и Атина.

Драматично е на Халкидики, каде што падна град. На регионалниот пат Полигирос-Солун патничките возила и камионите со часови стојат во место поради големото количество мраз на коловозот.

Во одделни делови на Грција пејзажот изгледа како да паднал снег поради градот што ги покри патиштата и полињата. Екстремните временски услови ги погодија и југот на Каламарија и Олимпија.

Легенда под Главна слика

Printscreen

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе