Големиот корален гребен е позагрозен отколку што претходно се мислеше (ВИДЕО)

Големиот корален гребен во Австралија, поради климатските промени, е поранлив отколку што претходно се мислеше, велат научниците. Зголемувањето на температурата на водата во март и април го предизвика досега најлошото „белеење" на сртот, кој се протега вдолж 2.300 километри од Австралиското крајбрежје.

Според претходните процени, се сметаше дека 22 отсто од коралите во близина на површината на водата се уништени во 2016 година, но сега таа процена се ревидираше на 29 проценти.

Ситуацијата би можела дополнително да се влоши по најновите епизоди на белење, што се во тек. Прекумерната топлина ги загрозува коралите кои избледуваат и стануваат подложни на болести.

Научниците велат ова тоа е четврта таква епизода, по оние белеења што се евидентирани во 1998, 2002 и 2016 година.

Големиот корален гребен од 1981 е на листата на Светско наследство на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО). Тој се наоѓа на листата на исклучително загрозени области на светското културно наследство.

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе