Големи протести во Хонг Конг, демонстрантите фрлаа молотови коктели (ВИДЕО)

Специјалната полиција употреби солзавец за да ги растера антивладините демонстранти во Хонг Конг, во близина на границата со Кина, на шеснаесеттиот викенд демонстрации во поранешната британска колонија.

Полицијата употреби солзавец и воедни топови против групите кои кренаа барикади и фрлаа камења и Молотови коктели во градот Туен Мун, кој се наоѓа на северозападот на Хонг Конг.

Голем број демонстранти, кои имаа гас маски и кациги, облечени во црни маици со долги ракави, беа уапсени за време на судирите кои сепак беа помалку насилни од минатите викенди.

Протест првично планираа локалните жители гневни на локалната власт која неуспешно одговорила на приговорите за бучавата. Организацијата на настанот потоа ја презедоа антивладините демонстранти.

„Полицијата би требало да ги штити жителите на Хонг Хонг, а не да ги напаѓа. Каде ви е совеста?“, викала една жена.

Железничката станица во Туен Мун беше затворена околу 13 часот од „безбедносни причини“, со што се ограничија рутите за бегство.

Хонг Конг од јуни минува низ тешка политичка криза со речиси секојдневни демонстрации со кои се бараат демократски реформи и се осудуваат бруталните полициски одговори на протестите.

Антивладините протести продолжуваат и покрај тоа што лидерката на Хонг Конг Кери Лам официјално го повлече контроверзниот закон за екстрадиција кој ја почна четиримесечната криза.

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе