„Макрон готов си“

Големи протести во Франција, демонстрантите се судрија со полицијата (ВИДЕО)

Неколку десетици илјади Французи излегоа денес на улиците да изразат несогласување со измените на законот за труд, реформата на претседателот Емануел Макрон која беше едно од неговите главни предизборни ветувања.

Претседателот на синдикатот ЦГТ, коорганизаторот на протестот во Париз Филип Мартинез кажа дека ова е прв успешен собир. Синдикалниот лидер изрази и задоволство од големиот одзив надвор од главниот град.

Синдикатот ЦГТ процени дека во Париз се собрале околу 60.000 луѓе, додека властите тврдат дека имало околу 25.000.

На протестот во Париз имаше и судири меѓу полицијата и демонстрантите. Полицијата одговори со фрлање солзавец и водени топови.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои беше пречкртан претседателот Макрон поради својата изјава дека нема да попушти „ни пред мрзливите, ни пред циниците, ни пред екстремистите“.

Синдикатот ЦГТ веќе повика на нов протест на 21 септември пред претставувањето на планот за реформи на владата.

Макрон, кој денес допатува на карипскиот остров Сен Мартен кој минатата недела беше погоден од ураганот Ирма, вети апсолутна решителност околу измените на законот за труд.

Макрон предвидува поголеми овластувања за работодавците, што значително ја намалува сигурноста на работните места.

Останатите предвидени измени се однесуваат на одредување горна граница на отштетата во случај на спор, скратување на рокот за поднесување на тужбите на работниците, и можност за преговори без синдикатите.

Тоа е нашата политичка наивност- да се верува дека правото е семоќно орудие во разрешавањето на сите проблеми. А каде е моралната, политичката, социјалната, психолошката страна на проблемите? 

повеќе

Премолчувањето на јавнот интерес во законските решенијазначи изостувањето на клучниот критериум за оправданоста на концесиите на добрата од општ интерес.

повеќе

Фатени на дело во многу  кражби, сите праведни граѓани на оваа земја беа убедени дека на арамиите ќе им се суди по примерот на Жан - по кратка  постапка.

повеќе