Големи протести во Белорусија, полицијата пука во воздух и приведува демонстранти

Белоруската полиција во неделата испукала неколку предупредувачки истрели во воздух и почнала да приведува демонстранти, кои илјадници демонстрирале низ главниот град, барајќи оставка од долгогодишниот лидер Александар Лукашенко, пишуваат медиумите и покажуваат објавите на социјалните мрежи.

Фото: ЕПА

Големи протести се одржуваат во главниот град Минск веќе 12 викенди по ред, вршејќи притисок врз Лукашенко, кој вели дека не планира да се повлече и покрај кризата.

Оваа недела, Лукашенко делумно ги затвори границите на Белорусија кон Западот, го смени министерот за внатрешни работи и рече дека сите демонстранти кои би допреле полицајци кои ги набљудуваат протестите би требало „да останат барем без рака“.

Најмалку две колони демонстранти биле формирани во Минск, а во едната биле околу 20.000 луѓе, објави весникот Наша Нива.

Видеото, објавено од опозицијата на нејзините социјални медиуми, покажува демонстранти кои скандираат „веруваме, можеме, ќе победиме“, но Ројтерс не можел независно да ја потврди автентичноста на снимката.

Мобилниот интернет не е достапен во главниот град, а неколку метро-станици биле затворени.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе