Големи протести во Америка по ослободувањето на полицајците кои убија црнкиња (ВИДЕО)

Двајца полицајци се ранети од огнено оружје во Луисвил, најголемот град на американската сојузна држава Кентаки, за време на протестите кои почнаа синоќа откако беше објавено дека ниту еден од тројцата осомничени полицајци нема да биде обвинет за убиството на Афроамериканската Бреона Тејлор.

EPA-EFE

Веста ја објави вршителот на должноста шеф на полицијата во Луисвил Роберт Шредер во краткото обраќање до медиумите.

„Многу сум загрижен за безбедноста на нашите вработени. Двајца полицајци се ранети и е многу сериозно. Станува збор за опасна состојба. Безбедноста на нашите вработени и на заедницата на кој ѝ служиме се од најголема важност“, изјави Шредер.

Си-ен-ен јави дека еден полицаец завршил на операција, но дека двјцата се во стабилна состојба и животите не им се загрозени.

Шредер објави дека е уапсен еден осомничен.

Повеќето луѓе излегле мирно да протестираат но судирите избиле кога полициските сили им го попречиле патот на група демонстранти, јавува Си-ен-ен.

Протести се организирани и во други американски градови, а апсења на демонстрантите имало и во Атланта и во Њујорк.

Тројцата полицајци, кои на 13 март за време на рација во Луисвил упаднале во станот на Афроамериканската Бреона Тејлор и ја усмртиле со истрели од огнено оружје, вчера беа ослободени од вината за нејзината смрт, што повторно предизвика протестни собири на улиците на најголемиот град во Кентаки.

Џонатан Метингли и Мајлс Кросгроув се целосно ослободени од каква било вина, додека Брет Хенкинсон е обвинет за небрежно загрозување човечки животи, бидејќи некои од неговите куршуми го загрозиле семејството во соседниот стан.

Според кривичниот закон во Кентаки тоа дело спаѓа во групата најлесни кривични дела и по секое од трите точки од обвинението Брет Хенкинсон најмногу може да добие пет години затворска казна.

Хенкинсон во јуни добил отказ, откако било утврдено дека небрежно испукал десет куршуми за време на рацијата, додека Метингли и Кросгроув се распоредени на службенички задачи.

Тројцата полицајци, кои  не носеле униформи за време на рацијата поврзана со нелегална продажба на наркотици, нешто по полноќ на 14 март со тропање на вратата ги разбудиле 26-годишната медицинска сестра и нејзиниот партнер Кенет Вокер и упаднале во станот, за што имале валиден судски налог под сомнеж дека станот е местото во кое поранешниот партнер на Тејлор и осудуван препродавач на наркотици Џамаркус Гловер ги прима пакетите.

Вокер, кој има дозвола за носење оружје, пукал кон полицајците не знаејќи за кого станува збор и го погодил Метингли во нога. Според балистичкиот извештај на ФБИ, полицајците возвратиле испукувајќи 32 истрели, а шест куршуми ја погодиле Бреона Тејлор. Во станот не биле најдени никакви наркотици.

Убиството на Бреона Тејлор иницираше протести во Луисвил во кои членови на семејството на убиената Афроамериканска и бројни активисти бараа тројцата полицајци, сите белци, да бидат обвинети за злосторството. Но, поротата, по прегледувањето на доказите, ги отфрли обвиненијата за убство.

Главниот обвинител на сојузната држава Кентаки Дениел Камерон ја објави одлуката на поротата на конференција за медиумите, додека демонстрантите против расната неправда и полициската бруталност почнаа да се собираат на улиците на Луисвил.

Афроамериканскиот републиканец Камерон на конференција за медиумите објави дека двајцата полицајци, Метингли и Кросгроув „имале оправдана причина за самоодбрана и со тоа не можат да бидат изложени на кривичен прогон“, иако со истрагата е утврдено дека куршум од оружјето на Кросгроув е убиена Бреона Тејлор.

„Ако се водиме од емоции и гнев, тогаш нема правда. Правдата на толпата не е правда. Правдата која се бара со насилство не е правда. Тоа само станува одмазда“, изјави Камерон додавајќи дека ФБИ сѐ уште истражува можно кршење на федералните закони во овој случај.

Американскиот претседател Доналд Трамп го пофали Камерон за „вршене фантастична работа“.

„Мислам дека тој е ѕвезда“, изјави Трамп на прес-конференција во Белата куќа, на прашање за реакцијата на одлуката во случајот на убиството на Бреона Тејлор.

Пред објавата на одлуката на поротата, градоначалникот на Луисвил Грег Фишер ја соопшти одлуката за 72-часовен период на забрана за движење по улиците во период од 21 до 6:30 часот наутро.

Уште во вторникот во Луисвил беше прогласена состојба на општа опасност, а на улиците беа испратени и единици на Националната гарда, за што американскиот претседател го пофали гувернерот на Кентаки.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе