„Солидарна кујна“

Големи гужви за бесплатна храна во Белград (ФОТО+ВИДЕО)

За време на викендот колективот „Бесплатна кујна“ готвеше и делеше храна во Белград за оние на кои помошта им е најпотребна, пишува денес порталот Нова.

Twitter

А дека во главниот град на Србија има многу на кои храната им е потребна, покажаа големите гужви кои се направија околу Вуковиот споменик – и во саботата и во неделата околу 16 часот.

„Солдарна кујна обезбедува храна и други видови помош на оние на кои им е најпотребна. На сеприсутните проблеми со сиромаштијата и гладот одговараме со солидарност и заемна помош“, наведуваат од овој колектив.

„Солидарна кујна“ е формирана од потребата на проблемите со сиромаштијата и гладот, кои особено доаѓаат до израз во кризни ситуации, „да се одговори со солидарност и заемна помош“, пишува Нова.

Активистите на „Солидарна кујна“ учествуваат во сите активности поврзани за помошта: собираат средства, набавуваат, подготвуваат и дистрибуираат храна.

Храната им се дистриубуира на најзагрозените, на неколку места во градот.

Колективот наведува дека се организирани врз принципите на заемна помош и директна демократија, а каква било дискриминација не е дозволена.

„Како што веруваме дека борбата против гладот не треба да биде користена во цел на реклама и самопромоција, не соработуваме со политички партии, ниту со организации кои претендираат тоа да станат“, истакнуваат од колективот.

Легенда под Главна слика

Twitter

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе