Големи антирасистички протести во Австралија

Илјадници луѓе низ цела Австралија учествуваа на протестите во „Блек лајвс метр" (Црнечките животи се важни) во саботата, облечени во маски и практикувајќи социјално дистанцирање, по предупредувањата од државните лидери да се откажат настаните од страв од втор бран на коронавирус.

Screenshot

Протестите, на кои доминираше полициско присуство, воглавно беа мирни. Демонстрантите минуваа низ улиците или биле собрани во јавни паркови со транспаренти на кои пишувало „Нема правда, нема мир“ и „Извинете за непријатностите, се обидуваме да го промениме светот“.

„Има луѓе како татко ми и тетка Мингели кои се залагаа за промени откако биле на моја возраст - знаете, тоа беше пред 50 години“, им рече на демонстрантите организаторката на протестот во Перт, Џасинта Тејлор.

„Не сакам на 80 години да се залагам за ваков вид промена за моите деца и за децата на моите деца“.

Антирасистичките протести избувнаа низ целиот свет по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд кон крајот на минатиот месец, кога на вратот речиси девет минути со колено му притискал полицаец белец во Минеаполис.

Во Перт во саботата е одржан најголемиот собир од сите поголеми австралиски градови, и покрај апелот на премиерот на Западна Австралија Марк Мекгоуан настанот да се откаже сè додека не помине пандемијата на коронавирусот.

Демонстрант кој присуствувал на протестот „Блек лајвс метр“ во Мелбурн оваа недела бил позитивен на тестот на коронавирус, додека премиерот Скот Морисон предупреди дека масовните собири го загрозуваат опоравувањето на нацијата.

Министерот за здравство на Западна Австралија, Роџер Кук, оваа недела изјави дека не советува поголеми собири, иако неговата сопруга, домородец, рече дека ќе се приклучи на собирот.

Кук рече дека неговата сопруга е приватен граѓанин и дека самата донела лична одлука. „Ова е една од многуте причини зошто ја сакам“, рече тој. „Крајно сочувствувам со тоа на Абориџините и малцинствата да им се обезбеди заштита од расизам“.

Демонстрантите, исто така, во помал број се собраа во Мелбурн и Сиднеј, повикувајќи на слобода за бегалците заглавени на неодредено време во притвор.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе