Голема поплава во главниот град на Јужна Кореја, загинале најмалку 7 луѓе (ВИДЕО)

Најмалку седум лица загинале во главниот град на Јужна Кореја Сеул и градското подрачје во текот на ноќта, соопштија властите, откако силното невреме ја прекинало струјата и ги поплавило улиците и подземната железница.

EPA-EFE

На јужниот дел од Сеул паднале повеќе од 100 милиметри дожд на час доцна синоќа, додека во некои делови од градот паднале 141,5 милиметри, што е најсилниот дожд во 80 години, јавуваат локалните медиуми повикувајќи сена Корејската метеоролошка служба (КМА).

Во квартот Гангнам некои згради се поплавени и останале без струја, додека автомобили, автобуси и станици на подземната железница се под вода, а луѓе се заглавени.

Најмалку пет лица загинале во Сеул, а уште две во соседната покраина Гјеонги, соопшти денес Централниот штаб за катастрофи и безбедносни контрамерки.

Четири лица починале откако останале заробени во поплавени згради, едно смртно настрадало од струен удар, едно е најдено под урнатини на автобуска станица, а уште едно загинало во лизгање на земјиште.

Најмалку девет лица се повредени, а шест се водат како исчезнати.

Тревогата е крената на највисоко ниво и побарано е од јавните и приватните претпријатија да го прилагодат работното време.

КМА издаде предупредувања за силен дожд во главниот град и околината, како и во делови од покраините Гангвон и Чунгчеонг.

Такви предупредувања се издаваат кога се предвидува врнежите да надминат 60 милиметри за три часа или 110 милиметри за 12 часа.

КМА очекува силните дождови да продолжат барем до утре.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе