Голема кавга меѓу Франција и САД поради нуклеарните подморници: „Лицемерие и лаги“

Лицемерие, презир, лаги, се зборовите со кои францускиот министер за надворешни работи ја опиша „сериозната криза" на неговата земја во односите со САД и Австралија, која го откажа мега-договорот за француските подморници и избра да гради нуклеарни, а регионот стравува ова може да поттикне трка во вооружување.

Фото: ЕПА

Австралија, Британија и САД во средата објавија формирање на трилатерален безбедносен сојуз АУКУС заради зајакнување на одбранбената соработка во Индо-Пацификот, која предвидува флота од нуклеарни подморници што Австралија ќе ги изгради со помош на САД.

Поради таа одлука, Канбера се откажа од договор вреден 40 милијарди долари со француска компанија која требаше да изгради флота подморници, на што Париз жестоко реагираше и ги повлече своите амбасадори.

„Факт е дека за првпат во историјата на американско-француските односи го отповикавме нашиот амбасадор на консултации“, изјави во саботата францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан, за телевизијата Франс 2.

Овие настани го покажуваат „интензитетот на кризата што постои денес меѓу двете земји, но и Австралија“, додаде францускиот министер за надворешни работи.

„Имаше лицемерие, презир и лаги - така не можете да се однесувате во сојуз“, нагласи Ле Дриан.

Претседателот Емануел Макрон не разговарал со американскиот колега Џо Бајден на прашањето за подморниците, рече тој.

Договорите за изградба на подморници Канбера и Париз ги потпишаа во 2016 година, како дел од договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји.

Ле Дриан уште еднаш направи паралела помеѓу постапките на актуелниот американски лидер со непредвидливото однесување на поранешниот републикански претседател Доналд Трамп.

„Овие брутални, еднострани и непредвидливи одлуки силно ме потсетуваат на она што го правеше Трамп“, рече Ле Дриан за Франс инфо.

Пред да се врати во Париз, францускиот амбасадор во Австралија Жан-Пјер Тебо, одлуката на Канбера да ги набави подморниците ја нарече „огромна грешка“, бидејќи не станува збор за договорот, туку за „партнерството што требаше да се базира на доверба, взаемно разбирање и искреност“.

Новото тројно партнерство го критикуваше и Кина, најголемата сила во Индо-Пацификот, а реагираше и малезискиот премиер, кој предвидува дека тоа ќе поттикне регионална трка за вооружување.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе