Голема експлозија на Крим (ВИДЕО)

Во северниот дел на Крим експлодира складиште за муниција, јави денеска руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на управата на селото Мајское.

Фото: Твитер

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нема „сериозни“ жртви во експлозијата во Мајское, пренесе државната новинска агенција РИА. Претходно денеска РИА исто така извести за пожар во трафостаница на Крим на 20 километри од селото. Крим, кој е под руска контрола од 2014 година, иако поголем дел од светот го признава како украинска територија, беше главната почетна точка за воената кампања што Русија ја почна во Украина на 24 февруари.

Украина официјално ја нема потврдено ниту негирано одговорноста за експлозиите што се случија на Крим во последните денови.

„Потсетување: Крим како нормална земја е – Црно Море, планини, рекреација и туризам, но Крим окупиран од Русија е – експлозии во магацини и висок ризик од смрт за освојувачите и крадците“, напиша на Твитер советникот на украинскиот претседател Михаило Подолјак по денешните експлозии.

Руските извештаи не прецизираат колку вкупно експлозии се случиле.

Минатата недела, серија експлозии во воената воздухопловна база во градот Новофедоривка, на западниот брег на Крим, се чини дека предизвикале голема штета и уништиле неколку руски воени авиони, според комерцијалните сателитски снимки. Русија го нарече инцидентот несреќен случај.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе