Голема акција во Европа и Јужна Америка, уапсени десетици мафијаши

Повеќе десетици луѓе се уапсени во Италија, Холандија, Германија, Белгија и Јужна Америка утринава во операција против членови на организираната криминална група Ендрангета, пренесуваат агенциите.

Италијанската полиција и Јуроџаст, европската агенција која ја надгледува правосудната соработка во криминалните истраги, соопштија дека уапсените лица се осомничени за шверцување кокаин, перење пари, мито и насилство.

Јуроџаст соопшти дека полицијата „спроведува апсења и запленувања“, но бројки не се објавени.

Италијанската полиција соопшти дека се уапсени 90 луѓе и дека апсења биле спроведени и во Јужна Америка.

Целта на операцијата се семејствата на Ендрангета во јужноиталијанскиот град Локри во Калабрија, центарот на криминалната група раширена по целиот свет.

Ендрангета е една од трите главни италијански мафијашки организации, заедно со Камора од Наполи и сицилиската Коза ностра.

Денешната операција е спроведена еден ден откако полицијата го уапси новиот шеф на сицилиската мафија и 45 други осомничени мафијаши.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе