Најмалку два и пол часа траел претресот на куќата на Шариќ, а пред куќата имало десетина полициски возила и припадници на Специјалната антитерористичка единица (САЈ).
На Шариќ му се суди повеќе од 10 години за меѓународен шверц на 5,7 тони кокаин, осуден е два пати, но случајот беше вратен на повторно судење на почетокот на оваа година. Му се суди и за перење на повеќе од 20 милиони евра пари од дрога. Во постапката е осуден на девет години затвор, но пресудата во моментов ја разгледува апелацискиот суд во Белград. Шариќ речиси четири години беше во бегство, а во 2014 ѝ се предаде на полицијата. До декември минатата година беше во притвор, а потоа беше префрлен во домашен притвор во куќата на Дедиње.