Голем судир на Израелците и Палестинците пред џамија во Ерусалим, многу повредени

Израелските сили пукале со гумени куршуми и звучни гранати кон палестински демонстранти кои на нив фрлале камења за време на судирот на платото во близина на џамијата Ал-Акса во Ерусалим, а немирите избувнале поради потенцијалното иселување на Палестинците од земјиште што припаќа на еврејските доселеници.

EPA-EFE/ABIR SULTAN

Најмалку 205 Палестинци и 17 полицајци биле повредени во судирите во областа на третото најважно светилиште на исламот и во источен Ерусалим, соопштија палестинските медицински експерти и израелската полиција. Илјадници Палестинци се судриле со неколку стотици израелски полицајци.

Тензиите ескалираа во Ерусалим и на окупираниот Западен брег за време на светиот муслимански месец Рамазан, со ноќни судири во палестинската населба Шеик Џарах во источен Ерусалим каде бројни палестински семејства се соочуваат со долготрајни спорови во врска со иселување.

САД и Обединетите нации во петокот повикаа на мир и воздржаност, а Европската унија и Јордан изразија загриженост околу можните иселувања.

Десетици илјади Палестинци се собрале во петокот на платото околу џамијата да се молат. Многумина продолжиле да протестираат против иселувањето.

Судирите избиле по вечерата со која е прекинат рамазанскиот пост. Најголеми немири имало околу џамијата Ал-Акса, а мали судири во областа Шеик Џарах, која се наоѓа во близина на Дамаската порта на влезот во стариот град во Ерусалим.

Полицијата употребила водени топови за да растера неколку стотици демонстранти собрани во близина на домовите на семејствата кои се соочуваат со потенцијално иселување.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ABIR SULTAN

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе