Голем протест против Нетанјаху во Израел (ВИДЕО)

Во саботата вечер во Израел се собраа десетици илјади демонстранти против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, на собири што повторно се интензивираа по укинувањето на ограничувањата поради епидемијата.

Најголемиот протестен митинг се одржа во Ерусалим пред службената резиденција на Нетанјаху, каде што според проценките на медиумите имало илјадници луѓе, а според проценка на демонстрантите 20.000 лица.

Ова се први поголеми протести откако во четвртокот се укинати ограничувањата со кои се забранува протестирање на повеќе од еден километар од домот.

Демонстрантите од јули секоја сабота се собирале да изразат незадоволство од начинот на кој владата на Бенјамин Нетанјаху, обвинет за корупција, се справува со пандемијата.

Во Ерусалим, демонстрантите носеле израелски знамиња и заштитни маски на кои пишувало „министер криминалец“ и извикувале слогани против Нетанјаху.

Неколку илјади демонстранти, претежно Израелци кои дошле со своите семејства, протестирале во Тел Авив, извести фотограф на АФП.

Полицијата пријави неколку инциденти на повеќе места во земјата каде „осомничени“ ги нападнале демонстрантите со солзавец и ги навредувале. Некои се уапсени, се вели во соопштението на полицијата.

Оваа недела контра-демонстранти , припадници на екстремно десни групи, брутално ги нападнале демонстрантите против Нетанјаху во Холон, во близина на Тел Авив.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе