Голем проект на Холанѓаните, смислиле начин како да дознаат точно колку луѓе се заразени

Холандското здравство почна голем проект на тестирање примероци на донирана крв за да се утврди долку луѓе во таа држава биле заразени со коронавирусот, но со симптоми толку мали што не ги приметиле.

Во проектот ќе се тестираат 10 илјади примероци неделно во банката за крв Санкин, во соработка со државниот институт за здравство РИВМ.

„Можно е да сте го имале коронавирусот, а да не сте го почувствувале тоа“, изјави портпаролот на Санкин Мерлијн ван Хаселт за државната телвизија НОС.

„Ако видиме присуство на антитела, можеме да утврдиме дали веќе сте го имале и со време да добиеме слика како се развива“.

Во Холандија досега се забележани 2.051 случај на коронавирусот со 58 смртни случаи.

Портпаролот на РИВМ Харалд Вихгел предупреди дека не е познато колку луѓе можеби веќе го имале вирусот и ја победиле болеста, а тоа може да го покаже токму тестирањето на примероците на крв.

Тестоци за коронавирусот спроведени од 6 до 8 март на здравствените работници со симптоми на настинка во провинцијата Северен Брабант покажале дека 3,9 отсто од нив го имале коронавирусот.

Меѓутоа, тестирање на пациентите со симптоми во други делови од земјата, кои почнале на почетокот на февруари, досега откриле само неколку заразени.

„Едноставно не знаеме колку луѓе се заразени, а имаат слаби симптоми. Многу околу вирусот останува непознато“, заклучи Вихгел.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе