Голем пресврт: Трамп нареди ФБИ да отвори нова истрага за Кавано

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди повторно отворање на истрагата за предметот на предложениот судија на Врховниот суд Бред Кавано поврзан со обвинувања за сексуално малтетирање, но кажа дека работата мора да биде завршена за една недела.

„Му наложив на ФБИ да преземе дополнителна истрага поврзана со судијата Кавано. Бидејќи тоа го побара и Сенатот, оваа истрага мора да биде временски ограничена и комплетирана за помалку од една недела“, изјави американскиот претседател.

Претходно Одборот за правосудство на американскиот Сенат го поддржа кандидатот на Трамп за Врховниот суд Брет Кавано, со што се отвора патот за негово потврдување на пленарна седница, без оглед на недокажаните обвинувања за полово злоставување.

Еден ден по сослушувањето на судијата, кој решително ги негира обвинувањата на универзитетската професорка Кристин Блејзи Форд дека сексуално ја нападнал во 1982, како и по сослушувањето на неговата обвинителка, 11 републикански членови на судскиот одбор на Сенатот гласаа за негово потврдување, а 10 демократски членови беа против.

Џеф Флејк, еден од тројцата републикански сенатори, побара конечното гласање пред целиот Сенат да се одложи за максимално една недела за полицијата да може да ги истражи обвинувањата на Форд. „Земјата ја мачи раздор и мораме да гарантираме правилна законска постапка“, кажа умерениот сенатор. Неговото барање го поддржа и републиканската сенаторка Лиза Марковски.

„Мирно ќе се изјаснам на пленарната седница дури откако ФБИ дополнително ќе ги истражи обвинувањата“, додаде Флејк и навести дека на конечното изјаснување може да се одвои од мнозинството.

Според уставот на САД, Сенатот мора да даде зелено светло за доживотните функции на Врховниот суд. Републиканците во моментов го контролираат тоа тело со минимално мнозинство од 51 спрема 49 застапници. Тоа значи дека дел од умерените републиканци кои сѐ уште не открија дали ќе го поддржат Кавано можат да ја одредат неговата судбина. Освен Џеф Флејк, две сенаторки Сузан Колинс и Лиза Марковски, не открија како ќе гласаат.

Тие две сенаторки го поддржуваат правото на абортус, додека судијата Кавано, католик и конзервативец, феминистичките организации и демократите го обвинуваат дека сака да го ограничи тоа право.

Претседателот Трамп, кој не намерава да кандидира друг судија, соопшти синоќа дека одлуката за потребата од дополнителна истрага на ФБИ ќе им ја препушти на сенаторите.

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе