Голем пожар во пристаништето во Хонг Конг, потонаа 10 брода (ВИДЕО)

Пожар што рано утрово го зафати пристаништето во Хонг Конг предизвика големи штети на вкотвените бродови, па најмалку 10 пловни објекти потонаа пред да пристигнат пожарникарите да го изгаснат пожарот.

Фото: скриншот

Властите во Хонг Конг денес објавија дека најмалку 16 брода се зафатени од пожар, од кои најмалку 10 потонале, истакнувајќи дека никој не е сериозно повреден, објави Ројтерс.

Пожарот избувнал рано утрото околу 2.30 часот по локално време, а на пожарникарите им требале повеќе од шест часа за да го изгаснат.

Одекнувале експлозии на резервоарите за гориво, над пристаништето се надвивал густ чад, покривајќи ги околните згради, според видеото што го прими Ројтерс од властите на Хонг Конг.

Од бродовите се спасени околу 35 лица, објави државниот медиум РТХК повикувајќи се на извори од противпожарната служба.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе