Прекинат железничкиот сообраќај

Голем пожар во Љубљана, на терен повеќе од 150 пожарникари (ВИДЕО)

Големиот пожар кој изби утринава во четири часот во магацин во Љубљана е локализиран, иако огнот е сè уште интензивен. Пожарникарите за Н1 кажаа дека гори поранешната зграда на Металка и Словенијалес, а на подрачјето на избивањето на пожарот немало никој.

Скриншот

Поради пожарот е прекинат железничкиот сообраќај кон Горењска, а отежнат е сообраќајот на автопатот. Некои патишта во близина на местото на пожарот се затворени.

Според податоците на полицијата, пожарот го гасат повеќе од 150 пожарникари.

До сега изгореле најмалку две третини од зградата, јави Радио Словенија.

Како што за Н1 кажал претставникот на пожарникарската служба од Љубљана Роберт Окорн, спречено е ширење на пожарот на просториите од зградата кои не се зафатени со пламенот.

„Некои од покривите веќе се урнаа, но правиме сè за нашата работа да биде безбедна“, кажа Окорн.

Според него, покрај пожарникарите од љубљанската пожарникарска заедница, во гасењето на пожарот учествуваат 18 доброволни пожарникарски здруженија.

Легенда под Главна слика

Скриншот

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе