На лице место повеќе од 150 пожарникари

Голем пожар во електрана во близина на Москва, има повредени (ВИДЕО)

Помеѓу шест и девет лица се повредени во голем пожар што избувна денес во гасната електрана во московскиот регион, објави руското Министерство за енергетика, пренесе Ројтерс.

Седум лица се повредени и сите имаат изгореници од прв или втор степен, пренесе Тасс Повикувајќи се на неименуван извор од Медицинскиот центар за итни случаи.

На лице место се наоѓаат повеќе од 150 пожарникари, десетици противпожарни возила, хеликоптери и возови, изјави за руската државна телевизија Зана Терехова портпаролка на итните служби.

Таа изјави дека нема ризик пожарот да се прошири во населените области и додаде дека пожарникарите се надеваат дека ќе го изгаснат пожарот за еден час.

На снимката која циркулира на социјални мрежи се гледа пожар кој се издига во небото.

Очевидец за новинската агенција РИА изјави дека пожарот се крева на височина од 50 метри.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе