Ангажирани стотици пожарникари

Голем пожар ја зафати областа на Ерусалим, се евакуираат илјадници луѓе (ВИДЕО)

Голем шумски пожар ја зафати денес областа околу Ерусалим и густ облак од црн чад се надвисна над градот додека властите се обидуваат да го стават огнот под контрола.

EPA-EFE

Израелските медиуми јавија дека во гасењето се ангажирани стотици пожарникари од целата земја, но дека високите температури, сувиот воздух и ветерот ги попречуваат нивните напори.

Црно-портокалов чад го прекри поголемиот дел од Ерусалим денес попладне, јавува Асошиејтед прес.

Израелската полиција соопшти дека се евакуираат илјадници жители од неколку места западно од Ерусалим, дека на некои им е укажана помош бидејќи вдишале чад, и дека патиштата во таа област се затворени за сообраќа. Во Рамат Разиел огнот стигнал до куќите.

Министерот за одбрана на Израел Бени Ганц ѝ нареди на војската да им помогне на пожарникарите во борбата со пожарот, соопшти неговиот кабинет.

За гасењето на пожарот се ангажирани и осум авиони, а за спасување една хеликоптерска единица.

Засега нема извештаи за причината за избивањето на пожарот, втор овој месец во таа област.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе