Лондон

Голем пораз на Борис Џонсон, одложено гласањето за договорот за брегзит

Британскиот парламент денес го изгласа амандманот на пратеникот Оливер Летвин со кој се одложува гласањето за договорот за брегзит, што Борис Џонсон го склопи во четвртокот со ЕУ, па парламентот нема да гласа денес за договорот на премиерот.

Поранешниот конзервативен пратеник Оливер Летвин, кој го поддржа договорот на Тереза Меј, тврди дека го поддржува договорот на Џонсон, но дека предложениот амандман е гаранција дека Борис Џонсон нема да може да спроведе брегзит без договор ако работите се променат до 31 октомври.

За прифаќање на амандманот гласаа 322 пратеници, а 306 беа против.

Амандманот на Летвин го одложува гласањето за Џонсоновиот договор, што би се случило доколку амандманот не е прифатен се додека не се усвои законска рамка што тоа го овозможиува.

Би-би-си пишува дека ново гласање за договорот на премиерот може да се случи во понеделник, во зависност од одлуката на претседателот на долниот дом, додека Ројтерс пренесува дека Џонсон најавил гласање во вторник.

Денес, Џонсон повтори дека нема да бара ново одложување.

„Нема со ЕУ да преговарам за ново одложување, ниту пак законот на тоа ме принудува“, рече тој пред парламентот, пренесе Ројтерс.

 „На моите пријатели и колеги во ЕУ ќе им го кажам истото што им го кажував на сите останати во последните 88 дена како премиер: ново одложување е лошо за оваа држава, Европската унија и демократијата“.

Водачот на лабуристите Џереми Корбин изјави дека премиерот мора да „се придржува кон законот“ и да побара од ЕУ одложување на „брегзит“.

Џонсон рече дека владата следната недела ќе предложи законски предлози потребни за излегување на Велика Британија од ЕУ на 31 октомври.

Парламентот најрано во вторник ќе гласа за договорот на Џонсон.

„Резултатите од гласањето за амандманот на Летвин беа многу тесни и се надевам дека пратениците ќе го поддржат договорот со големо мнозинство“, рече Џонсон.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе