Голем хакерски напад врз Украина: „Плашете се и очекувајте го најлошото“

Утринава бил извршен голем хакерски напад на веб-страниците на неколку украински министерства, јавуваат агенциите. Срушени се веб-страниците на Министерството за одбрана, Министерството за образование, Министерството за енергетика и Министерството за надворешни работи. Хакирана е и веб-страницата на државната служба за итни случаи.

Фото: скриншот

Некои од страниците се недостапни, а на страниците на Министерството за надворешни работи се појави текст на руски, полски и украински јазик. „Украинци! Сите информации за вас ќе станат јавни. Плашете се и очекувајте го најлошото“, стои во пораката над која е прешкртано украинското знаме.

Нападот се случи во време на големи тензии меѓу Русија и Западот околу Украина. Поради можна руска инвазија на Украина, беа одржани неколку рунди преговори со цел да се смират тензиите, но безуспешно. Русија има акумулирано околу 100.000 војници долж границата со Украина.

Соединетите Држави се „подготвени“ за сите сценарија со Русија, без разлика дали тоа е продолжување на дијалогот или „решителен одговор“ во случај на напад врз Украина, изјави вчера близок соработник на Џо Бајден, по една недела неуспешни дипломатски преговори со Москва.

„Сега ќе размислиме и ќе се консултираме со нашите сојузници и партнери за следните чекори“, им рече советникот за национална безбедност Џејк Саливан на новинарите во Белата куќа. Според американската разузнавачка служба, Русите сè уште „не донеле конечна одлука“ за евентуална инвазија на соседната земја.

„Подготвени сме за сите сценарија. Подготвени сме да постигнеме напредок на преговарачката маса и подготвени сме да направиме сè што е потребно и соодветно за да ги одбраниме нашите сојузници, да им помогнеме на нашите партнери и одлучно да одговориме на секоја агресија“, додаде тој.

„Во иднина ќе ги интензивираме преговорите со нашите партнери за острите економски мерки со кои ќе одговориме на секоја руска инвазија на Украина“, предупреди тој.

Одговарајќи на прашање за обединетиот став на САД и Европа во врска со можните санкции, тој рече дека е „сигурен“ во тоа.

Тоа не мора да значи дека двата брега на Атлантикот „ќе го имаат истиот список до најмалите детали“, но „сигурен сум“ дека Американците и Европејците „ќе бидат обединети во спроведувањето остри економски мерки“, истакна Џејк Саливан.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе