Монд

Годишнина од терористичките напади, Франција и понатаму е цел за исламистите

Четири години по терористичките напади во Париз, каде што на 13 ноември 2015 година настрадаа 130 луѓе и повеќе од 350 беа повредени, Франција се соочува со поинаква закана и останува цел за неколку илјади странски борци на Исламска држава, кои се на слобода по падот на нивниот „калифат“, вели француски Монд.  

Францускиот весник, како и сите медиуми во таа земја, денеска им оддава почит на жртвите на нападите во Париз и предградието Сен Дени, кои се сметаат за најголем напад на француско тло уште од Втората светска војна.

„Еден циклус е завршен, но почнува друг. Четири години по нападот во Париз терористичката закана останува, но влегува во нова фаза. Оваа фаза е поврзана со ситуацијата во Ирак и во Сирија“, вели парискиот весник наведувајќи дека ситуацијата се менува со неодамнешното убиство на лидерот на Исламска држава Абу Бакар ал-Багдади, но и со турската офанзива против курдските борци на североистокот на Сирија.

Франција по терористичките напади во 2015 година стана свесна колку е ранлива и соочена со закана од странските џихадисти, но подоцна тој тероризам стана уште понепредвидлив и изолиран, но и еднакво опасен, вели весникот.

Монд пренесува дека се регистрирани помал број заминувања на француски џихадисти во Сирија и во Ирак, но сега повеќе се стравува од турската граница по офанзивата во Сирија и заканата на Турција дека ќе ги отвори границите за мигрантите.

Весникот потсетува дека бомбашите-самоубијци од 13 ноември 2015 година дошле во Париз користејќи ја токму мигрантската рута преку Турција.

Се проценува дека по падот на „калифатот“ има меѓу 7.000 и 9.000 странски џихадисти, меѓу кои има многу франкофонски исламисти од Тунис, Мароко и од Алжир, на кои Франција им останува „цел подостојна за внимание“ од нивните земји на потекло.

Монд пренесе и список на загинатите во Париз со нивните фотографии и кратки биографии. Другите медиуми пренесуваат сведочења на преживеаните.

Пред точно четири години тројца бомбаши-самоубијци во исто време се разнесоа, првиот во близина на фудбалски стадион за време на фудбалски натпревар, вториот пред концертната сала Батаклон за време на концерт и третиот на локација каде што се наоѓаат неколку ресторани. Најмногу жртви, 90, имаше во Батаклон.

Овој напад се случи десет месеци по терористичкиот напад во редакцијата на францускиот сатиричен неделник Шарли ебдо и на еврејска продавница во едно париско предградие.

Одговорноста за сите напади тогаш ја презеде Исламска држава.

Поради овие напади во 2015 година беше воведена вонредна состојба, што е исклучително ретка мерка во Франција - првпат е воведена во 1955 година, во почетокот на војната за независност на Алжир, и потоа само уште еднаш, за време на нередите во предградијата на француските градови во 2005 година.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе