Годишнина на еден од најсилните земјотреси во кој загинаа повеќе од 230.000 луѓе

На денешен ден, пред 15 години, се случи катастрофалниот земјотрес во Индискиот Океан кој предизвика серија цунами долж брегот од Суматра до Сомалија.

Земјотрес со јачина од 9,1 степени го погоди западниот брег на Индонезија на 26 декември 2004 година, при што загинаа повеќе од 230.000 луѓе во 14 земји. Најмногу настрада Индонезија, со вкупна штета проценета на 10 милијарди долари. Целиот свет го следеше развојот и последиците во директен пренос.

Земјотресот се почувствувал и на 1.600 километри од епицентарот, кој бил на дното на Индискиот океан во близина на Суматра, додека брановите ја погодиле и Шри Ланка, Индија, Тајланд, Сомалија, Бурма, Малдиви, Малезија, Танзанија, Сејшели, Бангладеш, Јужна Африка, Јемен, Кенија и Мадагаскар.

Силата на ударот била еквивалентна на експлозија од 23.000 атомски бомби, како онаа фрлена на јапонскиот град Хирошима. Тоа е трет најсилен земјотрес досега регистриран со сеизмограф и траел речиси 10 минути. Цунамито го обиколи светот, а регистриран е врз основа на промена на нивото на плимата и осеката. Во Калифорнија, нивото на плимата пораснало за 40 сантиметри во однос на нормалното ниво.

Најголема штета претрпела провинцијата Ачех, Индонезија. Како последица на силните бранови, од кои некои биле високи до 30 метри, загинале околу 130.000 луѓе, додека повеќе од половина милион граѓани се раселени. Градот Банда Ачех кој бил целосно уништен, оттогаш е повторно изграден.

Брзата реконструкција на Индонезија, помогнало да се стави крај на повеќегодипниот конфликт, така што мировниот договор меѓу бунтовниците и Џакарта бил склучен осум месеци по катастрофата.

Меѓу жртвите имало илјадници странски туристи кои дошле во овој дел од светот да ги поминат божиќните празници.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе