Гнев и насилство во повеќе од 30 градови во САД, во протестите загинаа две лица (ВИДЕО)

Демонстранти денес низ САД се судрија со полицијата поради смртта на црнецот во Минеаполис кој се задуши под смртоносното клечење на белиот полицаец.

EPA-EFE

Гувернерот на Минесота кажа дека трагичната смрт на Џорџ Флојд се претворила во „разуздано уништување“.

Њујорк, Атланта, Портланд и други градови станаа сцени на насилства, а накратко беше затворена и Белата куќа. Како што јавува Си-ен-ен, во бранот насилство загинале две лица, а протестите се раширија на повеќе од 30 градови.

44-годишниот поранешен полицаец на Минеаполис Дерек Човин, кој во понеделникот со колено го стискаше вратот на 46-годишниот Флојд е обвинет за убиство и во понеделник треба да се појави на суд. Тој и тројцата други полицајци вмешани во апсењето се отпуштени.

Случајот на Флојд повторно го разгоре гневот на американската јавност поради полициските убиства на црните Американци и во нацијата ја отвори длабоката рана на расната нееднаквост.

Потсети на убиството на Ерик Гарнер, невооружениот црнец во Њујорк во 2014, на кого полицаец со забранет зафат му го притисна грлото и го уби.

Неговите последните зборови станаа порака на движењето Црните животи се важни во екот на полициските убиства на Афроамериканците.

Минесота и понатаму е епицентарот на немирите. Полициски час е прогласен во Минеаполис и Сент Пол од петок во 20 часот до шест часот наутро и во денес вечер.

Демонстрантите не ја послушаа забраната за движење и подметнуваа пожари, во некои случаи палејќи автомобили. На улиците има релативно мал број полицајци.

Толпа се собра синоќа пред Белата куќа во Вашингтон, носејќи фотографии од Флојд и извикувајќи го слоганот „Не можам да дишам“.

Двајца полицајци на Федералната заштита настрадале во пукање за време на насилните протести во САД синоќа. Едниот им подлегнал на повредите и починал. Инцидентот се случил во Оуклен во Калифорнија.

Претседателот Доналд Трамп побара од Пентагон на улиците на Минеаполис да излезе војската, објави Асошиејтед прес доцна синоќа. Околу 800 припаднци на американската војска ќе бидат распоредени на улиците на градот со намера да воведат ред бидејќи состојбата е алармантна и ескалира.

Во четвртокот на улиците излезе Националната гарда, но бидејќи немирите не сопреа, сега на помош ќе дојде војската.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе