152.000 лица се оздравени

Глобалната бројка на заразени со коронавирусот надмина 700 илјади

Бројот на потврдени случаи на заболување со ковид-19 во светот ја надмина бројката од 700.000, според мерењата на универзитетот Џонс Хопкинс и агенцијата Франс прес.

Тоталниот број на случаи сега изнесува над 724 илјади, откако неколку регионални епидемии предизвикаа драматичен пораст на бројките, главно во Соединетите Американски Држави.

Властите на САД пријавија на 143.000 случаи, а по нив следат Италија со 97.600 и Кина, оригиналниот епицентар на пандемијата, со 82.000 случаи.

Како што беше јавено денес наутро, вкупниот број на смртни случаи поврзани со вирусот сега изнесува 34.026. Над 152.000 лица низ целиот свет оздравеа од болеста, јавува истражувачкиот центар за мкоронавирусот на универзитетот Џосн Хопкинс.

Европа останува најсилно погодениот континент а Италија е мрачниот рекордер со најмногу смртни случаи. Средоземната земја има 10.779 смртни случаи, трипати повеќе од Кина. Во меѓувреме, Шпанија продолжува да објавува вознемирувачко зголемување на бројот на смртни случаи, кој сега изнесува 6.803.

За споредба, Германија успеа да го задржи бројот на смртни случаи на 455 луѓе, и покрај 55.298 потврдени случаи на заболување.

Од другата страна на Атлантскиот Океан, специјалниот советник на американскиот претседател за ковид-19 Ентони Фаучи вчера предупреди дека земјата потенцијално се соочува со „милиони случаи на зараза“ и „од 100.000 до 200.000 смртни случаи“, што би ги надминало актуелните бројки низ светот.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе