Главниот украински преговарач: Состојбата е алармантна следните седум дена

Шефот на украинската парламентарна партија Слуга на народот и шеф на украинската делегација на преговорите со Русија, Давид Арахамија, тврди дека руските сили планираат да извршат нови напади следната недела.

Фото: ЕПА

Како што напиша на Телеграм, тие планираат напади врз енергетските објекти во Украина.

„Следната недела би можела да биде многу тешка“, напиша Арахамија на Телеграм.

Тој додаде дека надлежните власти разработуваат различни сценарија за тој случај, пренесува украинската новинска агенција Интерфакс.

Одржани се многу обуки, разработени се акциите на експертите за енергетика и критична инфраструктура, секој знае што да прави. Се подготвуваме. Армијата се подготвува“, напиша Арахамија.

Тој ги повика граѓаните да се грижат за себе и за своите семејства, да складираат вода и храна и да ги наполнат своите телефони.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе