Шведска, која имаше поинаков пристап од другите земји и ги остави повеќето училишта, ресторани и бизниси отворени за време на пандемијата, бележи благ пораст на заболени од почетокот на септември, пренесува Ројтерс.
Но, главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел вели дека земјите како Холандија, Шпанија и Франција во моментов влегуваат во втор бран, но и дека тоа не е случај со Шведска.
„Тоа би значело дека вирусот значително се шири на големи делови од општеството, а тоа во Шведска го немаме“, рече тој пред новинарите, но додаде дека порастот на случаите треба да се сфати многу сериозно.