Главниот шведски епидемиолог: Премалку докази ги поврзуваат смртноста и невоведувањето карантин

Шведската одлука да ги остави училиштата отворени за време на пандемијата на коронавирусот не резултирала со поголема стапка на зараза меѓу учениците отколку во соседна Финска, каде училиштата беа привремено затвореи, се наведува во заедничкиот извештај на нивните агенции за јавно здравство.

EPA-EFE

Шведска одлучи дека нема да наметне строго затворање така што повеќето училишта и компании работеа цело време откако изби епидемијата во таа земја. Нејзината стратегија беше поинаква од таа на остатокот од Европа.

Шведската агенција за јавно здравство остана на ставот дека негативниет последици на затворањето на економијата и општеството би го надминале ќарот и тврдеше дека тоа се однесува и на училиштата.

Извештајот, кој не е рецензиран, открива дека за време на периодот од 24 февруари до 14 јуни биле забележани 1.124 потврдени случаи на ковид-19 меѓу децата во Шведска, околу 0,05 отсто од вкупниот број деца на возраст од една до 19 години.

Финска забележала 584 случаи во истиот период, што е исто така околу 0,05 отсто.

„Заклучно, затворањето или незатворањето на училиштата немало мерливо директно влијание на бројот на лабораториски потврдени случаи кај училишните деца во Финска или во Шведска“, наведуваат агенциите во објавениот извештај.

Извештајот покажал дека тешките случаи на ковид-19 биле многу ретки меѓу финските и шведските деца на вздраст од 1 до 19 години и дека немало смртни случаи. Споредбата на зачестеноста на ковид-19 кај различните професии не покажала зголемен ризик за наставниците.

Децата сочинувале околу 8,2 отсто од бројот на случаите на ковид-19 во Финска, во споредба со 2,1 отсто во Шведска.

Бројот на смртните случаи од полседици на коронавирусот во Шведска, 5.572, во споредба со бројот на жители, далеку ги надмина бројките на нејзините нордиски соседи, иако е помал отколку во некои европски земји кои беа под карантин, како Британија и Шпанија.

Државниот епидемиолог Андерс Тегнел, кој го осмисли шведскиот одговор на пандемијата, кажа дека има многу малку докази кои ја поврзуваат смртноста со невоведувањето карантин и дека наместо тоа укажуваат на условите во старечките домови, децентрализираниот здравствен систем и патувањата.

Посебни студии на шведскиот Институт Каролинска, независен медицински истражувачки институт, и Европската мрежа на народни правобранители за деца и на УНИЦЕФ, покажаа дека шведските деца за време на пандемијата поминале подобро од децата во другите земји, и во поглед на образованието и во поглед на менталното здравје.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе