Главниот шведски епидемиолог: Не очекувам класичен втор бран на коронавирусот

Шведска наесен очекува локален пренос на коронавирусот, но не очекува голем втор бран сличен на оној пролетва, кога болниците низ цела Европа и светот беа преполнети, тврди водечкиот шведски епидемиолог Андерс Тегнел.

Фото: ЕПА

За разлика од остатокот од Европа, Шведска применуваше специфична стратегија во борбата против новиот коронавирус, со што компаниите, рестораните и повеќето училишта беа отворени за време на пандемијата.

Контроверзниот епидемиолог Андерс Тегнел дури не препорача ни употреба на маски за лице, кои сè уште се ретка глетка на улиците на шведските градови.

Шведска имаше многу повеќе смртни случаи по жител како резултат на ковид-19 во споредба со нејзините нордиски соседи, иако не толку многу како најзагрозените европски земји, како што се Белгија, Шпанија и Велика Британија.

Новите случаи, хоспитализациите и смртните случаи опаднаа во последните месеци. Сепак, откако повеќето Швеѓани се вратија од летните одмори, а училиштата повторно се отворија за настава, постои страв дека земјата би можела да биде погодена од втор бран зараза.

„Не веруваме дека ќе имаме класичен втор бран, како оние што ги гледаме во пандемијата на грип, каде што повторно имате широко распространета зараза во заедницата“, рече главниот епидемиолог Андерс Тегнел.

Тој рече дека оваа болест е непредвидлива и дека дејствува на поинаков начин.

„Распространетоста е понејасна, па затоа е поголема веројатноста дека наесен ќе ја видиме - како што е во моментов во Европа - на работните места и слични околини“, смета Тегнел.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе