Не воведуваа рестриктивни мерки

Главниот шведски епидемиолог: Не ни се смејте, научете нешто од нас

Наместо да му се смеете на нашиот модел на борба со ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство, тврди шведскиот епидемиолог Андерс Тегнел.

EPA-EFE

Тој во отворено писмо, кое го пренесува Политико, вели дека карантинот и другите забрани што ги воведоа сите европски земји можат да функционираат само во краток период, а дека на долги патеки шведскиот модел е подобар.

Шведската влада не воведе рестриктивни мерки, туку само им даде упатства на граѓаните како да се однесуваат, што како последица имаше повеќе заразени и повеќе жртви од коронавирусот отколку во земјите што воведоа карантин.

Во писмото Тегнел објаснува дека „шведскиот модел“ не е истото што го примениле во Соединетите Американски Држави и во Бразил, односно „живеј и дозволи да умрат“, ниту пак методот „секој да се грижи за себе“, туку „сите за секого“.

„Шведскиот модел“ на одбрана од коронавирусот има историски корени и се базира на идејата дека секој треба да учествува во одбраната (не само од заразата, туку и во други ситуации) и дека секој треба да го даде својот придонес.

Долгорочно ќе се покаже дека „шведскиот модел“ е подобар, бидејќи строгите мерки на ограничување, црвени зони и карантин може да се применат само краткотрајно, тврди шведскиот епидемиолог.

„Отпорот против кризите што траат подолго или се враќаат во бранови е можен само со одговорно учество и однесување на сите граѓани“, пишува Тегнел во писмото од Стокхолм.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе