Главниот шведски епидемиолог: Имаме позитивни вести, бројот на заболени рапидно опаѓа

Андерс Тегнел, главниот епидемиолог од Шведска, денес одржа прес-конференција на која откри дека бројот на новозаразени во Шведска рапидно опаѓа.

EPA-EFE/Stina Stjernkvist

Шведска е единствената земја во Европа која во март и април не воведе драстични мерки, поради што беше мета на бројни критики.

„Кривата се наведнува надолу“, рече Тегнел на прес-конференцијата на која е објавено дека Шведска во последните 24 часа имала само два смртни случаи на коронавирус и 34 случаи на новозаразени. Од почетокот на пандемијата вкупно починале 5.702 лица, а скоро 80.000 лица се заразени.

„Генерално, ова е многу позитивна вест. Исто така се чини дека наскоро ќе можеме и понормално да патуваме“, рече Тегнел, додавајќи дека мерките за патување постепено ќе се релаксираат со тоа што прво ќе се овозможи да се патува во рамки на регионот, а потоа и во државите со ниски стапки на инфекција, помалку од 20 заразени на 100.000 население во период од две недели.

„Ова практично значи дека луѓето од Стокхолм ќе можат, на пример, да одат во Норвешка“, рече главниот шведски епидемиолог.

Тегнел го коментираше трендот на зголемување на бројот на нови случаи во Европа.

„За жал, го гледаме овој негативен тренд на зголемување на бројот на новозаразени низ цела Европа, лошо е што тоа се случува токму во овој момент, но во Шведска овој тренд не го гледаме“, заклучи тој.

Во вторникот во Шведска на интензивна нега или на респиратори имало само 46 пациенти со ковид-19, а вкупно во шведските болници од коронавирус се лекуваат 297 лица. На врвот на епидемијата кон крајот на април, на интензивна нега имало близу 600 лица, а вкупно во болниците околу 2.300, што претставува значителен пад.

Бројот на новозаразени по ден исто така е во пад, со помалку од 100 нови случаи во последните три дена (42, 79, 39), со напомена дека станува збор за бројки кои често се коригираат во Шведска, бидејќи пријавите од некои регионални болници доцнат и по три недели.

Здравствените власти ги повикаа Швеѓаните да продолжат да се придржуваат кон најосновните принципи во борбата против ширењето на инфекцијата, особено да мијат раце и да се придржуваат до физичка дистанца и да избегнуваат собирање во маси и патувања што е можно повеќе.

Во Шведска на сила се само две мерки, забрана за посета на домови за стари лица и немоќни (но старите лица слободно можат да излегуваат) и забрана за јавни собири со повеќе од 50 лица.

„Особено е важно да останете дома ако сте болни, односно да не ризикувате да излегувате во таква состојба. Ако се држиме до тоа, сите можеме да очекуваме позитивен расплет од ситуацијата“, додаде Тегнел.

Тој исто така се осврна и на заштитните маски, кои Светската здравствена организација им ги препорачува на луѓето да ги користат кога социјалното дистанцирање не е можно.

„Со забрзаниот пад на бројките во Шведска, не гледаме поента да се носат маски за лице во Шведска, дури ни во јавниот превоз“, рече тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/Stina Stjernkvist

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе