Главниот обвинител на Хашкиот суд: Ова не е пресуда против српскиот народ

Главниот обвинител на Хашкиот суд Серж Брамерц изјави дека пресудата против поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ не е „пресуда против српскиот народ“.

„Противниците на Трибуналот ќе тврдат дека ова е пресуда против српскиот народ. Јас тоа најостро го отфрлам. Вината на Караџиќ е само негова, а не на неговата заедница. Други ќе кажат дека Караџиќ е херој и дека го бранел својот народ. Ова судење го покажа спротивното. Караџиќ историјата ќе го запамти како воен злосторник одговорен за ужасни човечки маки“, кажа Брамерц во пишана изјава.

Со доживотната казна на која го осуди Караџиќ, Хашкиот суд, според Брамерц, „испратил важна порака дека правдата може да го победи злото“.

„Денес жртвите на неговите злосторства конечно го видоа како одговара за она што го направил.

Одговорните функционери затоа мора да заговараат прифаќање на фактите кои се утврдени на ова судење како основа за помирување. Негирањето на злосторствата и славењето на воените злосторници не смее да се толерира“, порача Брамерц.

Со денешната пресуда, според него, потврдено е дека Караџиќ „ги злоупотребил своите политички и воени овластувања, заедно со други лидери, за да спроведе незамисливи злосторнички кампањи, неверојатни злодела и да ја уништи земјата“.

„Караџиќ ја предводел масовната кампања на етничко чистење, која расели милиони, уби десетици илјади и многу обични, невини луѓе подвргна на силување, мачење, сексуално ропство и друго малтретирање“, кажа Брамерц и додаде дека, според пресудата, Караџиќ „ја надгледувал опсадата на Сараево, долга повеќе од три години, ширејќи терор низ градот за постигнување на неговите политички цели. Тој мировниците на ОН ги направи заложници и живи штитови“.

„А во Сребреница, во јули 1995, тој им се придружи на Ратко Младиќ и другите во прогонот на 30.000 жени, девојки и старци од нивните домови и во убивањето на илјадници муслимански мажи и момчиња“, заклучи Брамерц.

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе

Додека Бугарите се убедуваат себеси и нас дека Гоце Делчев бил Бугарин, да се потсетиме на некои од Гоцевите искажувања, кои ја одразуваат неговата големина и неговото визионерство.

повеќе