Мауро Ферари

Главниот научник на ЕУ поднесе оставка поради „загубена верба во системот“

Мауро Ферари од Европскиот истражувачки совет предложил специјална програма за борба против ковид-19, но таа била одбиена.

Шефот на главната научна организација на Европската Унија поднесе оставка во екот на кризата со коронавирусот, соопшти утрово портпаролот на ЕУ.

Мауро Ферари стана претседател на Европскиот истражувачки совет на 1 јануари, но портпаролот на Комисијата на ЕУ, Јоханес Барке, потврди дека „професорот Ферари поднесе оставка“.

Ферари објави соопштение во „Фајненшл тајмс“, во кое рече дека „бил крајно разочаран од европскиот одговор“ на пандемијата. Тој се пожали дека наидувал на институционални и политички пречки откако се обидел брзо да оформи научна програма за борба против вирусот.

„Видов доволно и од управувањето на науката, и од политичките операции во Европската Унија“, напиша тој во соопштението. „Ја загубив вербата во самиот систем“.

Барке рече дека се надева оти комисијата „многу брзо ќе може да сподели повеќе информации“ за околностите на оставката, но не образложи подетално.

Откако коронавирусот се рашири од Кина во Италија, Австрија, Шпанија и други нации на ЕУ, блокот беше критикуван дека не дејствува доволно силно за да воспостави координиран одговор, иако за здравствените проблеми сè уште главно се одговорни државите-членки.

Последниов месец државите се обидоа да соработуваат, а лидерите на ЕУ се потрудија подобро да се координираат.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе