Главниот фаворит за наследник на Тереза Меј поддржан од поранешен ривал

Борис Џонсон доби поттик за својот обид да ја наследи британската премиерка Тереза Меј, кога еден од неговите поранешни ривали ја поддржа неговата кандидатура и кажа дека е речиси сигурен дека ќе победи.

Министерот за здравство, Мет Хенкок кој испадна од трката во петокот откако освои само 20 гласови во првото гласање на конзервативните пратеници, рече дека Џонсон е најдобриот кандидат да ја води партијата.

„Борис водеше дисциплинирана кампања и речиси сигурно ќе биде наш нов премиер“, напиша Хенкок во текст за весникот Тајмс.

„Луѓето за поголеми цели мора да ги остават настрана своите разлики во ставовите. Сметам дека треба да настапиме заедно, и подобро тоа да го почнеме порано отколку подоцна“, рече тој.

Кризата околу брегзит би можела сè уште да се разбуди бидејќи Џонсон, лицето на официјалната кампања за брегзит на референдумот во 2016 година, вети дека ќе ја изведе Велика Британија од Европската унија, со или без договор.

Џонсон, фаворит за наследник на Меј на премиерската должност, ја доби поддршката од 114 конзервативни пратеници во првиот круг од гласањето за водство во кое гласаа 313 пратеници. Најблиски ривали му се Џереми Хант министерот за надворешни работи кој доби 34 гласа, Мајкл Гов министерот за животна средина со 37 гласа и Доминик Рааб поранешен министер за брегзит со 27 гласови.

Вториот круг од гласањето ќе се одржи во вторник, а резултатите ќе бидат објавени околу 17 часот по локално време. Секој кандидат со 32 гласови или помалку ќе биде елиминиран.

Ако сите кандидати имаат повеќе од 32 гласа, оној со најмалку гласови ќе испадне од трката.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе