Главниот епидемолог на САД добива закани со смрт

Главниот епидемиолог задолжен за борбата против коронавирусот во САД Ентони Фаучи го зајакнал обезбедувањето поради постојаните закани со смрт кои ги добива, јавува Си-ен-ен.

Фаучи има чувари пред сопствениот дом, а за сѐ ова прв пишуваше Вашингтон пост. Фаучи неодамна беше прашан за заканите на прес-конференција во Белата куќа, но на сакаше директно да одговори.

„Сите прашања околу обезбедувањето мора да му ги поставите на инспекторот“, кажа кратко Фаучи, па претседателот на САД Доналд Трамп додаде:

„Не му треба обезбедување, сите го сакаат. Всушност, кој и да го нападне би се нашол во голем проблем“, напомена Трамп.

САД станаа епицентарот на светската пандемија на коронавирусот. Американците имаат најголем број случаи на зараза во светот (215.344), а бројот на смртните случаи исто така расте (5.112). Досега 8.878 луѓе оздравеа.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе