Главниот американски епидемиолог: Занемарувањето на препораките е рецепт за катастрофа

Ненадејниот скок на бројот на новозаразени со ковид-19 во Соединетите Држави во најголем дел е предизвикан со занемарување на препораките да се одржува растојание и да се носат маски, рече главниот експерт на администрацијата на САД за заразни болести.

EPA-EFE/KEVIN DIETSCH

Дневниот скок во случаите на зараза е најизразен во јужните и западните сојузни држави, кои не ги следеа препораките на здравствените службеници да се почека до постојан пад на инфекциите пред да се отвори економијата.

„Тоа е рецепт за катастрофа“, изјави д-р Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и заразни болести, за Си-ен-ен.

„Сега ги гледаме последиците од ширењето во заедницата што е многу потешко да се контролира од ширењето во познати физички локации како затвори, старечки домови или погони за преработка на месо“, рече Фаучи за Си-ен-ен.

Во САД има повеќе од 2,5 милиони позитивни на новиот коронавирус, а повеќе од 125.000 луѓе починале од ковид-19 болеста која вирусот ја предизвикува, според податоците на Ројтерс, а тие бројки се највисоки во светот.

Во светот бројот на починати од пандемијата ковид-19 во неделата надмина половина милион.

Калифорнија во неделата нареди затворање на голем број барови, прв голем чекор наназад во напорите за повторно отворање на економијата во државата, а во петокот Тексас и Флорида наредија затворање на сите барови. Аризона и Џорџија минатата недела забележаа рекордно зголемување на бројот на новозаразени.

Американските здравствени власти размислуваат дека во местата каде што нагло расте бројот на заразени лица „целосно да ги опфатат тие заедници со тестови“, рече Фаучи, за да се утврди степенот на епидемијата, да се идентификуваат заразените и нивните контакти од кои би се побарало доброволно да останат во карантин.

Фаучи рече дека е оптимист во врска со можноста до крајот на годината да се добие вакцина, но предупреди дека ниту една вакцина не е 100 проценти ефикасна.

Потпретседателот на САД Мајк Пенс во неделата за време на посетата на Тексас ги замоли Американците да носат маски. Самиот Пенс носеше маска што претставува значаен пресврт за администрацијата на републиканскиот претседател Доналд Трамп кој одбива да го покрие лицето во јавноста.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/KEVIN DIETSCH

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе