„Заглавени сме до колена“

Главниот американски епидемиолог: Во САД првиот бран на вирусот никогаш не заврши (ВИДЕО)

Докторот Ентони Фаучи, водечкиот американски експерт за заразни болести, предупреди синоќа дека САД се во „сериозна ситуација“ делумно и поради тоа што пребрзо се укинати рестриктивните мерки, пренесува Си-ен-ен.

EPA-EFE

„Имавме околу 20.000 нови случаи на ден“, кажа Фаучи и додаде дека укинувањето на мерките за рестрикција довело до нови рекорди во бројот на новозаразени.

„Првите два дена имавме 57.500 новозаразени“, кажа тој и заклучи дека тоа значи дека во период од десетина дена бројот на новозаразените се удвоил.

„Ние сѐ уште сме длабоко во првиот бран“, кажа тој.

Објасни и дека самиот термин „бран“ е залажувачки бидејќи бројот на случаи никогаш не бил значително намален туку пораснал на нови и загрижувачки нивоа.

Тој кажа и дека во областите како ЕУ бројот на заразените растел па потоа се намалил што е можно означување за крај на првиот бран.

„Нам бројот на заразените ни растеше, но никогаш не падна, и сега повторно расте. Тоа е сериозна ситуација со која веднаш мора да се позанимаваме“, кажа Фаучи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе