Главниот американски епидемиолог: Вакцината може да не создаде имунитет на стадо во САД (ВИДЕО)

Главниот американски епидемиолог, д-р Ентони Фаучи, изјави дека ќе биде задоволен од вакцина за коронавирусот која ќе биде ефикасна од 70 до 75 отсто, но комбинацијата од нецелосна заштита и фактот што голем број Американци веројатно нема да се вакцинираат веројатно нема да доведе до сопирање на епидемијата.

EPA-EFE

Фаучи смета дека до крајот на годината би можеле да имаме една или две такви вакцини.

Со поддршка од државата, во следните три месеци се очекува проучување на три вакцини во опсежни клинички тестирања.

„Најдоброто што некогаш сме го направиле се сипаниците, кои се ефикасни од 97 до 98 отсто. Би било убаво да дојдеме до тие бројки, но мислам дека нема. Би ме задоволила вакцина која е ефикасна од 70 до 75 отсто“, кажа Фаучи, директорот на американскиот Национален институт за алергии и заразени болести.

Една третина од Американците изјави дека нема да се вакцинира против коронавирусот, дури и во случај ако вакцината биде широко достапна и евтина.

Што се однесува до вакцина од средна ефикасност, Фаучи вели дека е малку веројатно дека таквата вакцина на населението ќе му даде имунитет на стадо.

Фаучи истакна дека голем процент од луѓето во САД не се склони на наука, авторитет и вакцини.

„Имајќи ја предвид силата што ја носи движењето на противниците на вакцинирањето, имаме многу работа и образованието за вакцината нема да биде лесно. Секој кој мисли дека ќе биде лесно не е реален. Ќе биде исклучително тешко“, кажа Фаучи.

Додека не постои вакцина, клучот за контролата на вирусот е барање на контактите, а Фаучи не е задоволен со тоа.

„Не мислам дека сме добри во следењето контакти. Многу од работата се прави телефонски, а кога ќе се воспостави контакт, многумина воопшто не сакаат да разговараат бидејќи станува збор за претставник на властите“, вели Фаучи.

Ситуацијата ја отежнува фактот што многу заразени немаат симптоми, а бидејќи не знаат дека се заразени, невозможно е да се следат контактите.

„Од 20 до 40 отсто од заразените не покажуваат симптоми. Значи стандардната парадигма на идентификација, изолација и барање на контактите не функционира без оглед на тоа колку добро ви оди“, заклучи Фаучи за Си-ен-ен.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе