Главниот американски епидемиолог: Трамп веќе не е заразен

Водечкиот американски стручњак за заразни болести Ентони Фаучи изјави дека претседателот Доналд Трамп веќе не е способен да го пренесува коронавирусот и дека денес може да настапи во градското собрание без ризик за другите.

Фото: ЕПА

Фаучи за Си-би-ес изјави дека тој и неговиот колега Клифорд Лејн од Националниот институт за здравство го заклучиле тоа по прегледот на сите тестови на Трамп за ковид-19, како и дополнителниот тест спроведен во лабораторијата на Институтот.

Трамп пред две недели откри дека е позитивен. Следната недела рече дека се опоравил и дека веќе не е заразен.

Телевизиската дебата во градското собрание со телевизиски пренос ќе се одржи на помалку од три недели пред претседателските избори во САД на кои според анкетите републиканецот Трамп заостанува зад демократскиот кандидат Џо Бајден.

Фаучи, исто така, во интервјуто рече дека САД до крајот на годината на располагање веројатно нема да имаат 100 милиони дози од вакцините, кои регулаторите ги сметаат за „безбедни и ефикасни“, наспроти тврдењето на Трамп што го изнесе во септември.

Доволно вакцини за вакцинирање на општата популација може да се постигнат до април 2021 година, ако сите експериментални вакцини во доцните фази на клиничките испитувања се покажат ефикасни, рече Фаучи.

Неколку кандидати за вакцина би можеле да добијат регулаторно одобрување во ноември или декември, но само „неколку милиони“ дози може да бидат достапни за јавноста до крајот на годината.

Тој додаде дека експерименталниот лек на антитела кој го произведува Реџенерон фармасеутикалс, користен за лекување на Трамп и за кој самиот Трамп рече дека сака да го направи бесплатен за сите Американци, сè уште не е достапен во доволна количина за да се обезбеди за сите заразени пациенти и сè уште чека одобрување.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе