Главниот американски епидемиолог: Обидите на Белата куќа да ме дискредитира се бизарни

Водечкиот експерт на САД за зарани болести Ентони Фаучи вчера кажа дека не ги разбира обидите на Белата куќа да го дискредитира во борбата против коронаворусот, нарекувајќи ги „бизарни“, и дека верува дека тоа била „голема грешка“ која ги прикажала во лошо светло.

EPA-EFE

Белата куќа за време на викендот објави листа на изјави на Фаучи од почетокот на пандемијата кои се покажале како погрешно во однос на подоцнежните сознанија за болеста, според медиумите.

Трамп неделава кажа дека го цени мислењето на Фаучи, но дека не се сложува секогаш со него.

„Знаете, тоа е малку бизарно. Не го разбирам тоа целосно“, кажа Фаучи во интервју за Атлантик.

Тој кажа дека верува дека луѓето вмешани во објавувањето на листата, која создава неточна слика бидејќи не вклучува целосни изјави или контексти, всушност се „изненадени колкава грешка направиле“.

„Мислам дека ако разговарате со разумните луѓе во Белата куќа, тие сфаќаат дека ова беше голема грешка од нивна страна бидејќи само врз нив лошо се одразува. А не верувам дека тоа им беше намерата“, кажа д-р Фачучи.

„Не можам ни да замислам зошто сакале такво нешто да направат“, додаде тој.

Тензиите во односот на Белата куќа кон Фаучи се засили со падот на популарноста на Трамп во анкетите поради управувањето со кризата предизвикана од коронаворусот, односно болеста ковид-19.

Додека растот на бројот на заразените во земјата го загрозува ублажувањето на ограничувањата на активностите за да се спречи ширењето на ковид-19, републиканскиот претседател кој сака повторно да биде избран во ноември е сѐ покритичен кон владините здравствени функционери и нивните препораки.

Белата куќа кажа дека не престанала да соработува со Фаучи, на кого Американците му веруваат и популарен е меѓу луѓето. Но, советникот на Белата куќа за трговија Петер Наваро напиша критички коментар во кој го нападна Фаучи дека правел грешки.

Минатата недела Фаучи во разговор за Фајненшал тајмс кажа дека не го брифирал Трамп во последните два месеци.

Тој истакна дека неговите совети до Трамп се пренесуваат индиректно, преку потпретседателот Мајк Пенс кој е на челото на специјалната група на Белата куќа за борбата против ковид-19.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе