Главниот американски епидемиолог: Колективен имунитет би значело многу страдање и смрт

„Природно постигнување колективен имунитет во САД би значело многу страдање и смрт, а тоа би било неприфатливо", изјави главниот специјалист за инфективни болести на САД, Ентони Фаучи за Сириус-екс-ем.

EPA-EFE/ERIK S. LESSER

„Во нашата земја досега биле заразени само 10% или малку повеќе од популацијата и имаме 225.000 смртни случаи“, рече Фаучи.

„Ако сакаме да достигнеме до 75% имунитет, само помножите ги бројките и ќе видите колку смртни случаи се потребни за да се постигне колективен имунитет по природен пат. Нам ни е потребна комбинација на имунитет постигнат преку жестока кампања за вакцинација, со заштита на оние кои за жал веќе биле заразени. Затоа вакцината е толку важна за постигнување побезбедна форма на колективен имунитет“, додаде тој.

Фаучи зборуваше и за фер дистрибуцијата на вакцините.

„Секако, меѓу првите што ќе ја примаат вакцината ќе бидат здравствените работници, а потоа другите нужни работници и ризичните групи на луѓе; оние кои имаат други смртоносни болести“, рече Фаучи, пренесе Си-ен-ен.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе