Гласна расправа на германскиот политичар и турската делегација во Минхен

На конференцијата за безбедност во Минхен имаше гласна расправа помеѓу германскиот политичар со турско потекло Сем Оздемир и турската делегација.

Оздемир доби полициска придружба после „напнатата средба“, како што вели тој.

Оздемир по враќањето во Берлин за новинарите изјави дека телохранителите на турската делегација „нервозно го гледале“ и покажувале со прст кон него.

„Полицијата ми кажа дека има проблем со турското обезбедување, дека тие рекле дека сум терорист или член на терористичка организација“, рече Оздемир, според Ројтерс.

Полицијата во Минхен соопшти дека повеќе луѓе добиле полициска придружба, вклучително и Оздемир, но не можеле да потврдат што точно кажала турската делегација за политичарот.

Весникот Велт ам зонтаг наведе дека турската делегација престојувала во истиот хотел како и Оздемир.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ги негираше тврдењата на Оздемир, велејќи дека тој сака да ги наруши турско-германските односи.

„Ова не е вистина. Ова е фабрикувано“, изјави Чавушоглу за новинарите на маргините на годишната конференција. „Ова е невидено“.

Тој кажа дека проверил со турското обезбедување дали некој е идентификуван како можен терорист, додавајќи: „Тие рекоа: Не, тоа не е точно“.

Чавушоглу рече дека Оздемир го одиграл проблемот бидејќи „губел“ на домашен терен, додавајќи: „Сметам дека затоа го направи ова- да биде видлив, да привлече внимание“.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе